Заедно за македонската економија - Поддршка за граѓаните, поддршка за македонските производители и вршители на услуги


Информации и често поставувани прашања за мерката за​ финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници

Оваа мерка е дел од Четвртиот сет економски мерки на Владата на Република Северна Македонија за справување со Covid-19. Се проценува дека мерката ќе опфати 283.000 граѓани и ќе чини 27,6 милиони евра.

Со мерката ќе се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги за ревитализирање на македонската економија во услови на Covid-19.

Финансиска поддршка на граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници е наменета за:

Група Критериуми: Износ на еднократна финансиска поддршка:
1. Граѓани со низок доход Државјани на Република Северна Македонија кои се евидентирани како други лица кои бараат работа (пасивен барател на работа) во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, заклучно со 27.09.2020 година, кои за периодот јануари-август 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи. 6.000 ден.
2. Корисници на пензија Државјани на Република Северна Македонија, евидентирани во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, заклучно со 27.09.2020 година, кои за периодот јануари-август 2020 година оствариле доход по основ на пензија не поголем од 120.000 денари, односно месечен износ на доход по основ на пензија не поголем од 15.000 денари, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи. 6.000 ден.
3. Корисници на право на социјална сигурност на стари лица Лица со навршена 65 годишна возраст, кои согласно Законот за социјална сигурност на старите лица („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/19) користат право на социјална сигурност и се евидентирани во центрите за социјална работа. 6.000 ден.
4. Млади лица Државјани на Република Северна Македонија со наполнети 16 години и не постари од 29 години на 27.9.2020 година, кои се активни учесници во формалното средно образование (средни училишта основани од Република Северна Македонија, локалната самоуправа и градот Скопје) и високото образование на Република Северна Македонија (редовни студенти на универзитети основани од Република Северна Македонија), а не биле опфатени, односно биле испуштени во претходниот пакет на економски мерки, согласно со евиденцијата на Министерството за образование и наука. 6.000 ден.
5. Самохран родител Родител кој сам ги врши родителските права и должности за детето, поради тоа што другиот родител е непознат, починат, исчезнат или од оправдани причини привремено или трајно не ги извршува родителските права и должности евидентирани во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука заклучно со 27.09.2020 година, кои за периодот јануари-август 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи. Самохран родител кој не користи парични права од социјална заштита и заштита на деца, како и услуга од социјална заштита, поднесува барање со потребна документација (извод од матична книга на родени, извод од матична книга на умрени, потврда за исчезнат родител и потврда за привремена спреченост поради лекување, издржување на казна затвор и сл.) во рок од десет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон до надлежниот центар за социјална работа, кој по утврдување на статусот на самохран родител изготвува листа на самохрани родители. 6.000 ден.
6. Дeте без родители и родителска грижа Дете чии родители не се живи, кои се исчезнати, непознати или се со непознато живеалиште повеќе од една година и дете чии родители без оглед на причините привремено или трајно не ги извршуваат своите родителски права или должности ставени под старателство од надлежен центар за социјална работа. 6.000 ден.
7. Уметници и други лица кои вршат дејност во културата Државјани на Република Северна Македонија кои самостојно вршат дејности или друг вид активности во областа на културата, или преку авторски или друг вид на договор, заклучно со 27.09.2020 година, се ангажирани во правно лице кое е регистрирано за вршење на дејност од областа на културата и кои за периодот јануари - август 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи. 6.000 ден.
8. Филмски работници Државјани на Република Северна Македонија кои учествуваат во производство на филм и кои последните пет години работеле на минимум три филма поддржани од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, евидентирани во Министерството за култура, заклучно со 27.09.2020 година, кои за периодот јануари-август 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи. 6.000 ден.
9. Естрадни уметници Лица кои учествуваат во создавање и интерпретација на изворна или современа и новокомпонирана музика и се членови на Здружението на естрадни уметници на Македонија, евидентирани во Министерството за култура, заклучно со 27.09.2020 година, кои за периодот јануари-август 2020 година оствариле доход во нето износ не поголем од 120.000 денари, согласно со евиденцијата на Управата за јавни приходи. 6.000 ден.
ИЗНОСОТ НА ЕДНОКРАТНАТА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СИТЕ КАТЕГОРИИ Е 6.000 ДЕНАРИ

Едноставно и БЕЗ постапки за аплицирање!

  • Корисник на финансиска поддршка со внесување на својот ЕМБГ на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk, проверува преку која банка ќе му биде распределена финансиската поддршка и висината на финансиската поддршка.
  • Банката ја распределува финансиската поддршка на трансакциската сметка на корисниците на финансиска поддршка од Конечната листа на корисници на финансиска поддршка.
  • Банките кои ќе ја распределуваат финансиската поддршка се: СИТЕ БАНКИ

Примената финансиска поддршка од корисниците на финансиска поддршка ја користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица вршители на стопанска дејност од Листата на даватели на македонски производи и услуги, резиденти на Република Северна Македонија, во периодот од денот на приемот на средствата на трансакциска сметка до 25.12.2020 година

Финансиската поддршка може да се користи за плаќање на македонски производи и услуги на ПОС терминал и виртуелен ПОС терминал на правно и физичко лице вршител на стопанска дејност од Листата на даватели на македонски производи и услуги според Листата на дејности.

Примената финансиска поддршка може да се користи со употреба на дебитна платежна картичка.
Финансиската поддршка, примена согласно одредбите од овој закон, не може да се користи за:

  • Подигнување на готовина од банкомати, од ПОС терминали или со налог за исплата на готовина на шалтерите на банките, конверзија во странска валута или како замена за готовина;
  • Плаќање на производи и услуги на физички и/или интернет (виртуелни) ПОС терминали, за подигнување на готовина на банкомати и други терминали, опслужувани од нерезиденти и/или резиденти, вршители на дејност надвор од територијата на Република Северна Македонија;
  • Плаќање на правни и физички лица кои не го исполнуваат условот за вршење на дејност од членот 6 став (2) на законот.

Доколку лицето - корисник на финансиската поддршка има блокирана трансакциска сметка, банката, на негово барање ќе му отвори посебна трансакциска сметка поврзана со времена дебитна платежна картичка на трошок на банката на која ќе ја прими финансиската поддршка и која ќе биде изземена од извршување по било која основа.

Корисниците на финансиска поддршка, кои имаат трансакциска сметка само кај една банка, ќе бидат распределени за добивање на финансиската поддршка во банката во која имаат трансакциска сметка.

Корисниците на финансиска поддршка кои имаат трансакциска сметка кај две или повеќе банки или имаат сметка кај банка која не потпишала договор со Владата на Република Северна Македонија, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ги распределува кај една од банките според принципот на фер рамномерна распределба, давајќи предност на распоредување на лица со трансакциските сметки на кои примаат пензија или користат право на социјална сигурност во банка.

Корисниците на финансиска поддршка кои немаат отворено трансакциска сметка кај ниту една банка, се распределуваат кај една од банките според принципот на фер рамномерна распределба, а во согласност со расположливите капацитети на секоја од банките.



ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА на седницата, одржана на XXX 2020 година, донесе:


Уредба за упис на давателите во Листата на даватели на македонски производи и услуги

Уредбата со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.